Хрватски тренер го „пецна“ Ѓоковиќ: Не е подготвен и нема мотивација!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на мастерсот во Париз, а најверојатно нема да игра ниту на завршниот турнир во Торино.

Ѓоковиќ ќе доживее голем пад на ранг-листата на АТП поради тоа што ќе ги пропушти турнирите и ќе загуби голем број бодови, а за неговиот последен потег свое мислење даде и поранешниот хрватски тенисер и тренер на Роџер Федерер, Иван Љубичиќ.

„Јас мислам дека негова цел се титулите на одредени турнири, а не пласманот на ранг-листата затоа што за да напредува мора да игра многу. Не е ниту физички, ниту психички подготвен за такво нешто. Мислам дека нема да се појави ниту во Торино затоа што нема мотивација“, кажа Љубичиќ.

Србинот во моментов е на четвртата позиција на АТП-листата со 6.210 бодови.