Англиски гиганти водат „војна“ за најголемиот талент на Барселона

Барселона би можела да остане без услугите на талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал, откако две екипи од Премиерлигата покажале голем интерес за неговите услуги.

Јамал има одличен почеток на новата сезона со Барселона и веќе постигна пет голови и седум асистенции, а поради тоа Арсенал и Ливерпул сакаат да го добијат неговиот потпис и наводно се подготвени да понудат голема сума на пари.

Новинарот на „Индепендент“, Мигел Дилејни објави дека премиерлигашите се „загреани“ за Јамал, а Барселона би можела да го продаде поради финансиските проблеми со кои се соочува во изминатиот период.