Можеби шанса за Елмас, се повреди еден од најважните фудбалери на Лајпциг
Симонс беше заменет по дуелот кој го имаше со Ендеи Робертсон и нема дилеми дека неговото отсуство ќе биде хендикеп за тренерот Марко Росе. Засега не е познато кога точно би се вратил на терените.
Следниот натпревар во Бундеслигата, Лајпциг го игра в сабота од 15:30 часот против Фрајбург. Во досегашните натпревари од почетокот на сезоната Симонс постигна два гола и подели една асистенција.
Од друга страна ваквата повреда на Симонс можеби ќе значи поголема минутажа за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој сезонава добива многу мал простор за игра.