Мурињо саркастично го нападна судијата по црвениот картон (ФОТО)

Фенербахче ремизира против Манчестер јунајтед (1-1) во третото коло од Лига Европа, а на мечот беше доделен и црвен картон за Жозе Мурињо поради негова реакција за судиска одлука.

Клемен Турпин ја делеше правдата на мечот и го избрка Мурињо на трибините, по што Португалецот саркастично го искоментира неговиот потег.

„Судијата ми кажа нешто неверојатно. Ми кажа дека во исто време ја гледал акцијата во казнениот простор и моето однесување покрај аут-линијата. Му честитам затоа што тоа е неверојатно. На толку брз натпревар, да следиш и ситуација за пенал и мојата клупа е навистина извонредно“, беше саркастичен Мурињо.