Фудбалските надежи до 16 години убедливо поразени од Словенија

Фудбалските надежи на Македонија до 16 години денеска беа убедливо поразени во пријателскиот натпревар одигран во Скопје од врсниците од Словенија со 0-4.

Oва беше втор натпревар на двете селекции во два дена, а избраниците на селекторот Драган Начевски по победата од 2:0 во претходниот натпревар, денес не одиграа на исто ниво.

Натпреварот беше отворен по само седум минути игра кога Габриел Богатинов ја погоди нашата мрежа, а десетина минути подоцна Мај Пирц се запиша во листата на стрелци за водство од 0-2. Тоа беше резултатот и со кој се замина.

Во вториот дел Словенија постигна уште два гола за конечен триумф.