Српски коментатор ги налути Хрватите: Како да е на погреб кога Динамо постигнува голови (ВИДЕО)

Динамо Загреб со головите на Сандро Куленовиќ и Бруно Петковиќ за кои асистент беше македонскиот фудбалер Стефан Ристовски го совлада Слацбург со 0-2.

По овој натпревар внимание во регионот привлече и коментаторот на телевизијата „Арена Спорт“ каде што се пренесуваат натпреварите од Лигата на шампионите.

Имено, хрватската публика забележа дека коментаторот прилично еуфорично ги коментирал приликите за гол на австрискиот тим, додека при двата гола на хрватскиот гигант не покажал ниту најмала емоција.

„Среќа што не постигнавме уште некој гол, коментаторот ќе си дадеше отказ пред истекот на 90 минута“, „Неверојатно е колку коментаторот го мрази Динамо. Цел натпреварт зборува нешто, а за секоја шанса на Салцбург буквално се дере. Кога Динамо постигнува голови како да е на погреб“, „Мачно за слушање...“, се само некои од коментарите оставени под видеото од најинтересните моменти од натпреварот.