Веспрем гостува во Битола, Пелистер се надева на сензација
Вепсрем гостува во Битола како голем фаворит, а македонскиот претставник по заминувањето на тренер Бранислав Ангеловски ќе се обиде да приреди изненадување. Тимот ќе го води Звонко Шундовски кој беше вратен на клупата како привремено решение.
Во натпреварот против Веспрем битолскиот состав влегува со два порази во низа против Висла Плоцк во претходното коло и Алкалоид во домашното првенство.
На табелата Веспрем е второпласиран со осум бода зад лидерот Спортинг кој има еден повеќе. Токму против Спортинг Пелистер го освои единствениот бод со кој е на последното место на табелата.
Натпреварот се игра во вообичаениот термин од 20:45 часот.