Германците удрија по Ноер: Не се памети кога последен пат бил полош

Maнуел Ноер не поминува низ добар период во Баерн Минхен, а зад себе има повреди кои со годините (38) сигурно влијаеа и на неговата форма.

Сепак, во поразот од Барселона е забележан еден посебно нетипичен податок. Каталонците упатија четири удари во рамките од голот и сите четири завршија во мрежата. Во превод германскиот чувар немал ниту една одбрана.

Критики за Ноер имаше и легендарниот Лотар Матеус.

„Не сакам да излезе како да сум престрог кон Мануек, но тој повеќе не е поддршка на тимот каква што беше некогаш. Ноер повеќе не е Ноер, неговиот начин на бранење сега е сосема поинаков и тоа јасно се гледа. Тоа го потврдува и процентот на одбрани во Бундеслигата кој му е на само 40%. Се надевам дека наскоро ќе се врати во старата форма, бидејќи против Барселона покажа колку не е сигурен во себе“, изјави Матеус.