Сезонава во НБА лигата играат рекорден број странци

Започна новата сезона во НБА лигата, а сезонава дури 125 странски играчи ќе бидат дел од најсилната кошаркарска лига.

Во сите 30 екипи кои се дел од НБА има најмалку еден странец, а веќе четврта година странските играчи не се под бројката од 120. Сезонава 43 земји ќе имаат барем еден играч во шампионатот и тоа е три повеќе од минатата година.

Најмногу странски кошаркари доаѓаат од Канада која го има и тимот Торонто Рапторс. Канаѓаните се претставувани од 21 играч, а потоа следат Франција, Австралија, Германија и Србија.

Од Европа вкупно доаѓаат 61 кошаркар и 17 од Африка. Македонија и оваа година нема свој претставник, а единствен низ историјата кој бил дел од НБА е Перо Антиќ кој настапуваше за Атланта Хокс.