Победите против Летонија и Ерменија ѝ донесоа скок од три места на македонската репрезентација

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа прогрес од три позиции на најновата ранг листа на ФИФА, објавена денеска.

Нашиот национален тим овој месец, во рамките на Лигата на нации, оствари две победи, на гости против Летонија и Ерменија и на тоа се должи напредокот. Сега, Македонија се наоѓа на 69. место на кое последен пат беше во април оваа година.

До крајот на 2024, Македонија треба да игра уште против Фарски Острови и Летонија и со евентуални победи би можела да го достигне ранкингот од крајот на 2023 - 65. место што е најдобар пласман на нашата репрезентација во последните две години.

На врвот, како и во најдобрите пет нема промени Првопласирана и натаму е репрезентацијата на Аргентина, пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил.