Гвардиола воодушевен од голот на Халанд: Тоа е неверојатно!

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази задоволство од начинот на кој играл неговиот тим против Спарта Прага во победата од 5-0, но посебни пофалби имаше за Ерлинг Халанд.

Халанд беше двоен стрелец, а натпреварот беше обележан со неговиот акробатски гол. Гвардиола потсети дека голот со кој потсети и на Златан Ибрахимовиќ не е прв таков во кариерата на Норвежанецот.

„Видов кога топката влезе во мрежата. Тоа е неверојатно. Тој е така висок и флексибилен, ми се допаѓа. Голот беше многу сличен како против Дортмунд пред неколку години. Не знам кој беше потежок, двете ситуации се многу тешки за реализирање“, изјави Гвардиола.

Норвешкиот напаѓач во Лигата на шампионите со само 24 години има 44 гола на 42 натпревари, а се наоѓа на 14. место на вечната листа најдобри стрелци во елитното натпреварување. Рекордер тука е Кристијано Роналдо со 140 постигнати погодоци.