Данска има нов селектор

Брајан Ример од денес и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Данска.

На клупата на Данците Ример ќе дебитира против Шпанија на 15 ноември во Копенхаген, а три дена подоцна го чека натпревар против Србија во Лесковац.

Договорот кој Ример го потпиша со Данска има важност од две години. Селекцијата на Данска остана без селектор откако Каспер Хјумланд замина по Европското првенство, а привремено на клупата седеше Ларс Кнудсен.

Во својата кариера Ример две години беше тренер на Андерлехт, но од таму доби отказ во септември. Четири години работеше како помошник на Томаш Франк во стручниот штаб на Брентфорд.