Второлигашот од Радовиш во црно ја зави Битола – го елиминира Пелистер!

Екипата на Детонит Плачковица ќе биде една од двете второлигашки екипи во четврт-финалната фаза од Купот на Македонија, заедно со Арсими, откако попладнево направија сензација и по изведување пенали го елиминираа Пелистер и тоа среде Битола.

Мечот во регуларниот дел заврши нерешени (1-1), додека гостите подобро се снајдоа во изведувањето удари од белата точка и победија со резултат 4-2.

Ждрепката за следната фаза од Купот на Македонија ќе се одржи во ФФМ, а датумот ќе биде познат дополнително.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ

Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1-0

Вардар – Тиквеш 2-0

Брера – Беса 2-0

Силекс – Шкупи 0-0 (по пенали: 4-3)

Гостивар – Брегалница 1-0

Арсими – Воска 3-0

Пелистер – Детонит Плачковица 1-1 (1-4)

Струга – Македонија ЃП 2-0