Стартува новата сезона во НБА: Бранителот на тронот прв фаворит

Со вечерашните натпревари помеѓу Њујорк Никс и Бостон Селтикс започнува новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.

Во 79. сезона во историјата трофејот ќе го брани екипата на Бостон која во минатогодишното финале славеше победа до 4-1. Во паузата немаше посебно големи бомбастични трејдови, па во најголем дел екипите си ги задржаа најголемите ѕвезди.

Фаворит за шампионскиот прстен е окму Бостон, а потоа следуваат Оклахома, Денвер, Њујорк и Филаделфија. Помеѓу кошаркарите и оваа сезона се очекува да гледаме одлични изданија на Никола Јокиќ, но тука секако е Лука Дончиќ со Далас кои се рангирани на седмата позиција на листата фаворити.

Трофејот МВП минатата година го освои Јокиќ, па пред почетокот повторно е главен фаворит во оваа конкуренција. Регуларниот дел носи 82 кола, а потоа на 20 април стартува плеј-офот.

Првиот меч од програмата вечерва го игра бранителот на трофејот Бостон против Њујорк од 1:30 часот, додека во 04:00 часот стартува пресметката помеѓу Лејкерс и Минесота.