Официјално: Мијатовиќ се врати во Партизан ама ќе работи од - Шпанија!

Како и што се најавуваше, Предраг Мијатовиќ се враќа во Партизан и ќе ја извршува улогата на спортски директор која ја работеше во Реал Мадрид.

Партизан е во сериозна резултатска и финансиска криза, медиумите пренесуваат дека се работи за долг над 60 милиони евра, па легендата со своите соработници ќе има тешка задача да го врати клубот на победничките патеки.

Во Партизан, Мијатовиќ доаѓа откако Расим Љајиќ беше именуван за привремен претседател, а ќе му помага и уште едно големо име во српскито фудбал, Данко Лазовиќ.

Мијатовиќ сепак нема да се врати во Србија и функцијата ќе ја извршува од Шпанија каде што живее.