Во Ла Лига се подготвува револуција: Барса и Атлетико ќе играат во Мајами?

Натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид закажан за декември би можел да се игра во Мајами, пренесуваат шпанските медиуми.

Ако дојде до одигрување на натпреварот во Шпанија тогаш тоа ќе биде за првпат еден првенствен натпревар од Шпанија да се игра во САД. Атлетико и Барселона треба да се сретнат на 22 декември пред зимската пауза.

Сепак, последниот збор за ваквата одлука ќе го има ФИФА која претходно во април се повлече од оспорувањето на организација на лигашки натпревари надвор од сопствената земја. Исто така Ла Лига во мај објави дека се разгледува можноста за организација на натпревари во странство.

Инаку, Барселона и Атлетико Мадрид во јануари ќе се сретнат во Саудиска Арабија во рамките од Суперкупот на Шпанија.