Предраг Мијатовиќ станува спортски директор на Партизан?

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ би можел да добие фунцкија во Партизан, пишуваат српските медиуми.

Мијатовиќ веќе некое време е без работа, а би требало да биде прв избор на новиот претседател Расим Љајиќ.

Партизан веќе неколку сезони е во тешка состојба и Црвена Звезда доминира во српскиот фудбал и го освојува првенството од година во година. Црно-белите во овој момент се на шестото место, навивачите се незадоволни, а српските медиуми пренесуваат дека долговите стануваат се поголеми.

Партизан од 1989 до 1993 година одигра 100 натпревари за Партизан и псотигна 44 гола, по што следеше трансфер во Валенсија, а потоа и преселба во Реал Мадрид. Мијатовиќ во 1997 година беше и конкурент за „Златната топка“. По завршувањето на кариерата беше и спортски директор на Реал Мадрид од 2006 до 2009 година.