Барселона ја освои белградската арена, Пантер ѝ пресуди на Црвена Звезда
Барселона водеше во текот на првата четвртина, но домаќинот со поените на Дос Сантос Јаго конечно направи пресврт и поведе со 25-21. Каталонскиот гигант, сепак, го возврати ударот преку Томас Саторански и Јан Весели за нов пресврт (26-25).
Голема борба се водеше и во втората четвртина додека владееше одлична атмосфера во белградската Арена, а во последните секунди Милош Теодосиќ му асистираше на Коди Милер Мекинтереј кој постигна тројка за 47-44.
Ц. Звезда во третата четвртина поведе и со плус девет (65-56), меѓутоа Барселона на почетокот на последните 10 минути го сврте резултатот во своја корист (67-66).
Возбудувањата продолжија и во следните минути, во кои беа забележани неколку пресврти на двете страни, а на крајот резултатот беше 84-84, по што победникот се решаваше во продолжение.
Екс-кошаркарот на Партизан, Кевин Пантер беше одличен во дополнителните минути и му пресуди на стариот ривал од Белград.
Пантер беше најефикасен во екипата на Барселона со 26 поени, додека Јаго Дос Сантос запиша 23 поени.
На останатите натпревари Анадолу Ефес славеше против Олимпијакос со 91-89, Монако ја совлада Виртус Болоња со 101-85, додека Асвел ја надигра Басконија со 76-69.