Меси задоволен: Ги исполнив сите цели во животот, не можам да барам ништо повеќе
Аргентинецот уште еднаш го потенцира своето задоволство од се што направил во кариерата, како и од фактот дека е најтрофеен на сите времиња со 46 титули.
„Што ми преостана во фудбалот? Фала богу, можам да кажам дека ги исполнив сите свои цели и сништа. Најголем сон ми беше Светското првемство, освоив се со клубот на мојот живот Барселона, а освојував титули и со ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе“, рече Меси.
До крајот на оваа сезона, тој може да освои трофеј и со Интер Мајами во МЛС, а главна цел идната сезона ќе му биде Финалисима, како и евентуалниот настап на Светското клупско првенство бидејќи САД имаат уште едно место, како домаќини на турнирот.