Осум фудбалери на Барселона тестирани на допинг

Репрезентативците по паузата и обврските кон своите селекции се вратија во клубовите каде што се подготвуваат за предизвиците кои следат.

Барселона така го одработи тренингот како подготовка за неделниот натпревар против Севиља, но на тренингот се појавиле неочекувани гости.

Имено, допинг-контрола се појавила во посета на каталонскиот гигант и по случаен избор биле избрани осум фудбалери за тестирање.

Тестирани биле: Дани Олмо, Роберт Левандовски, Војчех Шчесни, Рафиња, Педри, Гави, Иниго Мартинез и Марк Касадо.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, со ниту еден од фудбалерите немало некаков проблем и се поминало во најдобар ред.