Германскиот гигант пред колапс: Го продава стадионот да се спаси од банкрот

Германски Шалке ќе мора да продаде дел од акциите на својот стадион за да се спаси од банкрот, пренесуваат германските медиуми.

Клубот кој е основан пред 120 години се наоѓа во големи финаниски проблеми поради долг од 168 милиони и поради тоа ќе понуди акции од „Велтинс арената“ за да се спаси од бабкрот.

Шалке пред три години испадна од Бундеслигата, а дека во лоша ситуација покажува и формата во првенството каде што е 13. место од 18 екипи и веројатно до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

Поради долговите на Шалке му се заканува и исфрлање во аматерски ранг на натпреварување. Цената на акциите на стадионот ќе биде нешто пониска од 750 евра и треба да започне за еден месец.