Погба одржа прес-конференција и кажа колку го сака Јувентус, но си направи проблем

Пол Погба е под договор со Јувентус и ќе може да настапува веќе од март откако суспензијата му беше намалена од четири години на 18 месеци.

Сепак, во Торино не сметаат на Французинот иако тој јасно кажува дека има желба да добие нова шанса во Јувентус.

Фудбалерот одржа и самостојна прес-конференција на која истакна дека за Јувентус би прифатил да игра и за помалку пари.

„Сакам дао станам во Јувентус, би играл и за помалку пари. Сакам да разговарам со тренерот Мота, верувам дека можам повторно да бидат ату за овој клуб. Ако тој прифати, финансиите нема да бидат проблем, лесно ќе се договориме“, изјави Погба.

Но, со ваквиот потег медиумите и новинарите во Италија пренесуваат дека уште повеќе го налутил својот клуб.

Имено, според договорот кој го има, Погба не смеел самостојно да организира прес-конференции без присуство на луѓе од клубот и тоа како што се пренесува е дополнителен мотив за да го раскинат договорот со него.