Крај на сагата во српската кошарка: Пешиќ донел конечна одлука!

Во Србија долго време се пишува за селекторската позиција на кошаркарската репрезентација, а сега тоа прашање изгледа конечно е решено.

Светислав Пешиќ ќе остане селектор до завршувањето на Евробаскетот 2026 година, тврди „Мердијан спорт“.

Како што се наведува, новиот претстедател на Кошаркарскиот сојуз Небојша Човиќ успеал во обидите да го убеди Пешиќ да продолжи да ја води репрезентацијата.

Потписот на договорот треба да се случи наскоро, а потоа Пешиќ ќе може да се посвети на подготвувањето на селекцијата за Европското првенство каде што Србија ќе има највисоки амбиции.

На клупата на репрезентацијата Пешиќ се враит во 2021 година и успеа да освои сребро на Светското првенство и бронза на Олимписките игри.