Баерн Минхен го промени грбот, но разликата скоро и да не се забележува (ФОТО)

Eкипата на Баерн Минхен одлучи да го промени својот грб, но не направи преголеми измени.

Фудбалските клубови се почесто ги менуваат своите грбови како да сакаат да го следат светскиот тренд, а сега на таков потег се одлучи и Баерн.

Сепак, кога ќе се споредат новиот и стартиот, разлика скоро и да нема. Единствената промена е во бојата во внатрешноста која сега е во нешто посветла нијанса.