Мбапе го враќа ударот – ќе ги тужи Швеѓаните за лажни обвинување!

Килијан Мбапе изминативе денови се најде во центарот на вниманието поради пишувањата на шведските медиуми учествувал во силување за време на краткиот одмор во Стокхолм.

Французинот преку социјалните мрежи веднаш демантира, тврдејќи дека станува збор за „лажни вести“, меѓутоа подоцна стана јасно дека не се само медиумски шпекулации. Полицијата потврди дека има пријава и дека постапува под истата, но и дека направен е претрес во собата во кој престојувал Мбапе со неговите пријатели.

Детали од истрагата засега не се откриваат и се очекува да бидат објавени во наредните денови, а во меѓувреме адвокатскиот тим на Мбапе почнал да се заканува со тужби за шведските медиуми кои пишуваат за овој случај. Тие тврдат дека се нарушува угледот и честа на Мбапе.