Се проширува скандалот со Мбапе - вклучен е уште еден фудбалер

Килијан Мбапе последните денови е во центарот на вниманието на европската јавност, но не поради успесите на фудбалските терени, туку поради наводен скандал што се случи минатиот четврток во Стокхолм.

Покренато е обвинение од шведската полиција за сексуален напад, а иако никаде не се спомнува францускиот фудбалер, тамошните медиуми тврдат дека тој е во главна улога. Наводно, Мбапе изнајмил просторија во хотелот каде престојувал и таму организирал забава, а на неа главно биле девојки за подоцна, фудбалерот и неговите пријатели да заминат во ноќен клуб.

Ле Паризјен пишува дека Мбапе имал близок контакт со некоја девојка, но тоа било на доброволна основа и подоцна двајцата останале во контакт. Интересно е тоа што во случајот е вклучен уште еден фудбалер, играчот на Баер и пријател на Мбапе, Норди Мукиеле кој му беше соиграч во ПСЖ минатата сезона.

Мбапе демантира дека имало нешто противзаконски во Стокхолм, но клопчето допрва треба да се одмотува.