Во АБА 2 важат други правила: Златибор две минути играше со шест кошаркари (ВИДЕО)
Тоа се случуваше во првата четвртина, Златибор имаше еден напад со плус играч, но интересно е тоа што никој од официјалните лица не го забележа тоа. Кога вишокот кошаркар сфати дека не треба да биде на теренот, мирно замина кон клупата, но дури ни тогаш не реагираа судиите или делегатот на мечот.
Ова е повреда на правилата, но Борац не упати жалба, а и нема потреба бидејќи на крајот, по продолжение, излезе како победник од овој натпревар.