Неверојатно: Модриќ одиграл повеќе од половина натпревари во историјата на Хрватска

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ против Полска го запиша 182. настап за неговата татковина, а притоа постави неверојатен рекорд.

Модриќ настапи на повеќе од половина натпревари на Хрватска во историјата. Фудбалерот на Реал Мадрид со настапот против Полска стигна до 182 настапи од 363 натпревари на селекцијата по нејзината независност.

Хрватот претходно го надмина и Шпанецот Серхио Рамос по број на настапи за репрезентациите, додека на врвот е Кристијано Роналдо со 215 меча за Португалија.