Нов хорор во Палестина: Убиен репрезентативец и девет члена на неговата фамилија

Војната во Појасот Газа секојдневно одзема голем број животи на недолжни луѓе, а оттаму стигна информација за нов хорор во кој е вклучен фудбалер.

Станува збор за играчот на Итихад Кан Јунис, Имад Абу Тима, репрезентативец на Палестина до 20 години кој е убиен заедно со девет члена на неговата фамилија. Тој е еден од 235. фудбалери и вкупно над 400 спортисти во текот на војната која почна на 7 октомври 2023 година.

Во мај годинава, Палестина побара од ФИФА, Израел да биде суспендиран од меѓународните натпреварувања, по примерот на Русија, но досега таква одлука не е донесена.