Хрват добил страшни закани по ремито со Полска: Ќе те најдам и ќе те убијам (ФОТО)

Хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ, доби смртни закани на социјалните мрежи, откако на синоќешниот натпревар помеѓу Полска и Хрватска (3-3) од Лигата на нации имаше жесток старт врз првата ѕвезда на противникот, Роберт Левандовски.

Чуварот на мрежата беше исклучен во 76. минута, бидејќи невнимателно го удри Левандовски во коленото додека шутираше една топка. Поради тоа што можеби ќе му ја заврши кариерата на Левандовски, полските медиуми го нападнаа веднаш по натпреварот. Сепак, тоа не е ништо во споредба со она со што се соочуваше кога се во прашање навивачите.

„Ливаковиќ, кучко без достоинство, за малку ќе го убиеше полскиот напаѓач. Тоа не беше нормално влегување, туку напад. Да беше ова вистинската Полска, немаше да ја напуштиш земјата, ќе те однесеа во затвор директно од стадионот“, беше еден од коментарите.

Другиот, пак, беше директна смртна закана.

„Ливаковиќ, деновите ти се избројани! Бескорисен кучкин сине! Ќе те барам, ќе те најдам и ќе те убијам, спиј со отворени очи“, гласи страшната порака кон хрватскиот голман.