Зидан подготвен да седне на клупата на Јунајтед - ако му се исполнат два клучни услови!

Холандскиот стратег, Ерик тен Хаг, е на мал чекор до отказ од тренерската позиција во Манчестер Јунајтед, а ако до неодамна главен фаворит за негов наследник беше Томас Тухел, по неговиот договор за преземање на Англија фокусот на „ѓаволите“ се сврте кон друг човек.

Според англиските медиуми, Џим Ретклиф, еден од најголемите акционери на Јунајтед, е решен да го доведе легендарниот Зинедин Зидан за нов тренер на клубот. Французинот нема ништо против тоа, но ако му се исполнат два клучни услови. Првиот се однесува на комуникацијата – Зидан не зборува добро англиски, а со оглед на важноста на комуникацијата во неговата работа, клубот ќе мора да вложи дополнителни напори за да ја подобри. Вториот, пак, е обезбедување целосна контрола врз потпишување на нови играчи, барајќи гаранции дека може да потпише со кого сака за да го засили тимот.

Тимот од Јунајтед со години минува низ турбулентен период, а донесените играчи не успеаја да го подигнат клубот на нивото кое се очекува од ваков гигант. Зидан верува дека може да ја промени ситуацијата, но под условите што тој јасно ги постави. Зидан е надвор од терените од 2021 година, кога го напушти Реал Мадрид, со кој освои три последователни титули во Лигата на шампионите.