Тухел ќе има идентична плата како и Саутгејт

Германскиот стручњак Томас Тухел веројатно попладнево официјално ќе биде промовиран во нов селектор на англиската репрезентација, а откако вчера бил постигнат устен договор, медиумите на Островот и во Германија полека вадат детали за соработката на двете страни.

За сите, како прва информација најинтересна е платата која ќе ја заработува Тухел. Годишно, таа ќе изнесува околу 5 милиони фунти (100 илјади неделно) што е идентично на сумата која ја добиваше Герет Саутгејт кој по Европското првенство поднесе оставка. Договорот меѓу Тухел и ФА ќе биде со важност од 18 месец, до Мундијалот во 2026, а Германецот ќе стапи на функцијата на 1 јануари 2025.

Англиските фудбалери нема да му биде непознаница на Тухел бидејќи една сезона помина во Челси, а лани во Баерн работеше и со капитенот и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата Хари Кејн.