Мадрид го уништува Мбапе - француската ѕвезда многу излегува и пие

Како и многу фудбалски суперѕвезди на Реал порано, Килијан Мбапе не остана имун на бурниот ноќен живот во Мадрид што не му дозволува да игра во најдобра форма по преселбата во Шпанија.

Тамошниот новинар Ромаин Молина тврди дека Французинот не живее спортски живот, туку многу излегува навечер и консумира алкохол. Тоа предизвикува голема загриженост кај сите во Реал, но клубот засега не презема мерки на таа тема.

„Килијан Мбапе психички не стои баш најдобро. Многу излегува и консумира големи количини алкохол“, вели Молина.

Овие информации доаѓаат во екот на скандалот за силување во кој, наводно, е вмешан и францускиот фудбалер. Сепак, настрана од сите тие шекулации, Мбапе од доаѓањето во Реал се соочи со големи проблеми, прво со неефикасноста бидејќи најголемиот број од головите му се од пенал, потоа со ситна повреда, а на крајот одлучи да не игра за својата репрезентација извесен период, веројатно до почетокот на квалификациите за Светското првенство.