Конечно се разигра и Бразил - „покер“ за голем чекор кон Мундијалот (ВИДЕО)

Петкратниот светски шампион одигра еден од најдобрите натпревари во квалификациите за Светското првенство откако на домашен терен го прегази Перу со 4-0.

Тоа е израмнување на најубедливиот триумф во квалификациите, по оној против Боливија минатата година кога „кариоките“ слабеа со 5-1. Два од четирите гола беа од пенал, ги постигна Рафиња, но и тоа не го расипа впечатокот кој бразилската репрезентација го остави на овој натпревар со својата игра.

Интересно е тоа што другите два гола ги постигнаа играчи кои влегоа во игра како резерви. Переира погоди три минути откако го замени Родриго, а Луиз Енрике пет минути по влегувањето во игра на местото на Савињо.

По овој триумф, Бразил е на делба на третата позиција во јужноамериканските квалификации со 16 бода, пет повеќе од осмопласираната Венецуела.

РЕЗУЛТАТИ
Бразил - Перу 4-0
Аргентина - Боливија 6-0
Уругвај - Еквадор 0-0
Парагвај - Венецуела 2-1
Колумбија - Чиле 4-0
ТАБЕЛА: Аргентина 22 бода, Колумбија 19, Уругвај 16, Бразил 16, Еквадор 13, Парагвај 13, Боливија 12, Венецуела 11, Перу 6, Чиле 5.