Кантона бесен по отказот за Фергусон: Ова е скандалозно!

Славниот Ерик Кантона го коментираше отказот кој го доби Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед каде што по завршувањето на тренерската кариера ја имаше уилогата на амбасадор на клубот.

Откако Сер Џим Ратклиф влезе во клубот на секој начин се обидува да ги намали трошоците, така претходно беа избркани околу 250 вработени, а сега ги налути фановите со отказот за најуспешниот тренер во историјата на „црвените ѓаволи“.

Кантона преку социјални не ги штедеше критиките на сметка на раковдството.

Сер Алекс Фергусон треба да може да прави што сака во Манчестер Јујнајтед додека е жив. Покажаа непочитување. Ова е скандалозно, Сер Алекс секогаш ќе биде мојот шеф. Сите би ги фрлил во една полна торба со го*на“, порача Кантона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Eric Cantona (@ericcantona)