Постигнат договор: Англија за првпат ќе има Германец за селектор!

Германецот Томас Тухел ќе биде наследникот на Герет Саутгејт на клупата на Англија, објавија вечерва најпознатите новинари и медиуми.

Сите услови се договори и наскоро се очекува и официјална потврда. Тухел така се враќа во Англија каде што претходно го водеше тимот на Челси.

Покрај Челси, Германецот во кариерата ги предводеше уште ПСЖ, Мајнц Борусија Дортмунд и Баерн Минхен каде што го имаше последниот ангажман.

За Тухел ова ќе биде првпат да има улога на селектор исто така тој ќе биде првиот Германец селектор на Англија.