Шести пораз по ред, Просинечки стана најлош селектор во историјата на Црна Гора

Црна Гора е една од само двете репрезентации во Б-Лигата на нации, покрај Финска, кои се без бод по четири одиграни кола.

Црногорците имаат само еден постигнат гол и многу веројатно во следното издание од ова натпреварување ќе играат во Ц-лигата. Оваа репрезентација нема многу квалитетен состав, само Марушиќ и Крстовиќ играат во најсилните европски лиги, а синоќешниот пораз беше шести во низа.

Селекторот Роберт Просинечки почна добро, победи во првите два меча, против Белорусија и Македонија, но потоа доживеа порази од Белгија, Грузија, два пати Велс, Исланд и Турција. Тоа значи дека на првите осум меча на клупата, легендарниот хрватски фудбалер освојува по 0,75 бодови што е најслаб ефект во историјата на црногорската репрезентацијата. Досега на дното беше Љубиша Тумбаковиќ со 1,07 бодови

Просинечки претходно беше селектор на Азербејџан и БиХ и со двете репрезентации бележеше добри резултати иако не ја оствари главната цел - пласман на големо натпреварување.