Навивачите на БиХ и Унгарија скандираа „Убиј го Србинот“ (ВИДЕО)

По мечот од четвртото коло во Лигата на Нации меѓу Босна и Херцеговина и Унгарија беа забележани скандалозни сцени од трибините.

Навивачите на двете репрезентации заедно скандираа „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.

БиХ е последна во групата 3 од Лига 1 со еден освоен бод, по што следат Унгарија и Холандија со по пет бодови, додека лидер е Германија со 10 поени.