Парондо има убави спомени од Скопје, ама не планира утре да му „попушти“ на Вардар!
Овој меч носи дополнителна возбуда, со оглед што на клупата на противникот на македонскиот состав ќе биде Роберто Парондо, поранешен тренер на црвено-црните, кој беше дел од тимот што во 2019 година стана европски шампион. Германскиот тим потсетува на овој факт во денешната најава на средбата, со напомена дека колку и да има убави спомени Шпанецот од престојот во Скопје, тој не планира да му „попушти“ на својот поранешен клуб туку ќе стори се за да го совлада.
„Ова ќе биде моја прва средба против Вардар по заминувањето од Скопје, поради што таа ќе биде посебна. Средбата ќе биде како и сите други, ќе бидам максимално фокусиран да донесам победа на својата екипа. А по средбата ќе седнам со своите пријатели од црвено-црниот табор и ќе се потсетиме на заедничките денови“, изјави Парондо.
Мелсунген е во одлична серија со четири победи во низа, меѓу кои се и успеси против екипи како Кил и Порто на теренот на противниците.