Во Англија се случи најглупавата повреда во историјата на фудбалот (ВИДЕО)
Станува збор за дуел помеѓу Башфорд Јунајтед и Бамбер бриџ (3-2) од НПЛ Премиер лигата, која е деветта по ранг во англискиот фудбал, на кој гостински фудбалер беше повреден од член на стручниот штаб на сопствената екипа.
Тој пред крајот на средбата, при прекин поради укажување повреда, доби шише со вода во лицето, кое му беше фрлено од економот додека не го гледаше. Ударот делуваше силен и незгоден, поради што потоа и нему мораше да му се укаже лекарска помош.