Во Манчестер Јунајтед донеле одлука: Мегваер може да замине

Хари Мегваер долго време добива критики во Манчестер Јунајтед, а според последните најави од Островот во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти клубот.

Пристигна Мегваер во Манчестер Јунајтед со големи очекувања од Лестер во 2019 година за сума од 87 милиони евра, а ќе замине за многу помалку.

Уште од самото доаѓање Мегваер ја бара формата со која играше во Лестер, но никако не успеа да ја пронајде. Мета на критики е подолго време, но исто така има и висока плата.

Договорот му истекува во јуни 2025 година, меѓутоа Јунајтед е спремен да го пушти и во јануари со оглед на тоа дека не е дел од стартниот тим. Неговата сегашна вредност е околу 12 милиони евра.

Од почетокот на сезоната Мегваер одигра девет натпревари и постигна еден гол.