Покетино дебитираше со победа на селекторската функција на САД (ВИДЕО)
САД ноќеска ја победија Панама со 2-0 во пријателски натпревар, а за Покетино тоа беше прв меч како селектор, воопшто во кариерата. Првото полувреме заврши без голови, а во второто погодија Муса и Пепи за крај на серијата од четири натпревари без победа на Американците.
САД ќе бидат ко-домаќини на Светското првенство во 2026 година и овие натпревари се дел од подготовките за тој настан.