Ерменија во октомври не ни е посакувана дестинација - два пати добивме „четворки“
Атмосферата по триумфот против Летонија е одлична, за тоа придонесе и ремито на нашиот денешен противник на гости кај Фарски Острови, па сега се зависи од нас кога станува збор за борбата за првото место во групата. Ерменија ни е одлично познат противник бидејќи во последните шест години, осум пати игравме со неа, знаевме убедливо да ја победиме, но и да доживееме катастрофи.
Интересно е тоа што досега два пати досега сме гостувале во Ерменија во октомври и во двата случаи претрпевме порази со четири примени гола. На 7 октомври 2011 година, во квалификациите за ЕУРО 2012 беше 4-1 за противникот, а на 16 октомври 2018, Ерменија славеше со 4-0 во инаугуралното издание од Лигата на нации по кое Македонија го обезбеди дебитантскиот пласман на континенталниот шампионат.
Многу е интересно тоа што иако се играа во период од седум години, три од четирите гола на двата натпревара постигнаа исти фудбалери: Пизели, Мкитарјан и Газарјан. Четвртиот гол на првиот меч беше дело на Саркисов, а на вториот, на Мовсисјан. Во меѓувреме Бразилецот со ерменски пасош Пизели се пензионира, истото го направи и Газарјан, а Мкитарјан се уште е активен, но денеска нема да игра. Во 2011 година, единствениот гол за Македонија го постигна Ванче Шиков, додека во 2018 свој кошмарен ден имаше голманот Столе Димитриевски кој беше виновник за два од четирите гола. Друг куриозитет во врска со вториот меч, одигран во 2018 година е тој што и тогаш игравме во Ереван во четвртото коло од Лигата на нации откако во второто, на домашен терен, како и сега, победивме со 2-0.
Во октомври имаме и еден натпревар на домашен терен против Ерменија, минатата година кога славевме со 3-1