Херојско дело на капитенот на Задар – облечен се фрли во море за да спаси давеник!
Несреќниот човек без разлика на температурата влегол во водата, но му се слошило, што за среќа било забележано од кошаркарот.
„Понекогаш пијам кафе покрај море, кафуле кое сите го знаат во Задар, па така беше и утрово. Бев со пријател, а мојата сопруга беше малку подалеку од нас со нашето дете и таа всушност го забележа мажот како се дави во морето. Немаше ниту пет метри од брегот“, изјави Рамљак.
Температурата во моментов во Задар е нешто под 20 степени, што не е страшно за во есен, но што носи предизвици за храбрите капачи.
„Се работеше за капач, човекот беше без облека и не паднал во морето. Очигледно нешто тргнало наопаку. Кога го сфатив ова, во облеката скокнав во морето и му помогнав на човекот да се доближи до брегот. Пријател физиотерапевт ми подаде рака, го извлековме давеникот од морето. Човекот беше малку изгубен. Тој исто така ми се заблагодари неколку пати. Се јавивме на Брза помош за да се увериме дека се е во ред. Дојдоа многу брзо, а во меѓувреме му помогнавме на човекот да се загрее. Не го познавам господинот, но се надевам дека се ќе биде во ред“, дополни Рамљак.
Така утринското опуштање на кошаркарот пред утрешниот натпревар со Будуќност се претвори во вистинска авантура.
„Ова не е херојство, секој така би реагирал“, заклучи скромниот кошаркар.
Од задарската болница додаваат дека лекарот му помогнал на човекот на местото на настанот и дека нема потреба од дополнително лекување. Рамљак е роден во Посушје (БиХ), а во кариерата ги носеше и дресовите на Цедевита, Зрињски, Цибона, Балкан Ботевград, Торун, Посушје и Спарс.