Звезда доби казна од Евролигата уште во првото коло
Во соопштението се наведува дека навивачите на Звезда во натпреварот со Париз фрлале предмети на теренот и на тој начин го прекршиле дисциплинскиот кодекс на Евролигата.
Евролигата објави и дека црвено-белите ќе имаат право на жалба на одлуката пред апелациониот суд.
Звезда во натпреварот против Париз славеше победа со резултат 80:77.
Вториот натпревар оваа сезона од Евролигата Звезда ќе го игра утре на свој терен против Басконија.