Нејмар ќе си купи приватен остров за 8,5 милиони евра (ВИДЕО)
Новинарот Лео Диас открива дека Нејмар почнал преговори за да го купи приватниот остров Јапао, а тоа задоволство ќе го чини околу 8,5 милиони евра.
Нејмар заедно со познат инвеститор од Дубаи го изнајмил островот во период од 9 до 11 октомври за да го „тестира“ за 50.000 евра, пред да потроши милиони за да го откупи.
Островот во моментов му припаѓа на бизнисмен од Канада, кој најпрво бараше 12,5 милиони евра, но потоа ја намали цената.
До островот може да се стигне со брод или хеликоптер, а исто така е изграден и приватен хелиодром.