Ѓоковиќ дозна кога ќе се бори за осминафинале во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно дозна кога ќе игра за осминафинале на мастерс-турнирот во Шангај.

Откако дождот го одложи неговиот меч, Ѓоковиќ во понеделникот не се појави на терен затоа што Станислав Вавринка и Флавио Коболи не се пресметаа поради дождот.

Организаторот потврди дека Ѓоковиќ ќе биде на теренот во вторник по 12.30 часот, а наскоро ќе го дознае и ривалот во третото коло.

Доколку српскиот тенисер го мине следниот ривал, тогаш во осминафинале ќе се пресмета против Роман Сафиулин и Френсис Тиафо.