Бањаја издоминира во Јапонија и се приближи кон врвот во Мото ГП шампионатот!
Тој немаше поголема конкуренција, откако Медро Акоста повторно не успеа да финишира, исто како и вчера. Лидерот во генералниот пласман, Шпанецот Хорхе Мартин, успеа да се пробие до второто местом додека победничкиот подиум го комплетира Марк Маркез. Зад него се најде Енеа Бастијанини, а првата десетка ја комплетираа Морбидели, Бендер, Бецеки, Џанантонио, А.Еспаргаро и Милер.
Мартин сега има десет бода предност пред Бањаја во генералниот пласман на возачите и тоа на четири трки до крајот. Следната пресметка на мотоциклистите е на 20. октомври во Австралија.