Охрид го преслуша и Бисинов, шест од шест за момците на Алушовски!
Охриѓани имаат фантастичен влез во новата сезона, денеска беа супериорни во првото полувреме кое го добија со 20-8. Во вториот дел ја тргнаа педалата од гас, но ја зголемија разликата за конечна победа од 35-18.
Костов со седум гола беше најефикасен, Шишковски даде шест, а новото засилување Јотиќ погоди петпати. Во составот на Бисинов најдобар беше Илиев со шест гола.
Најголемиот предизвик досега Охрид го има во следното коло кога ќе му гостува на актуелниот шампион Пелистер.