Циркус во Рома: Јуриќ пред отказ, се враќа - Де Роси!?
Такво нешто најавуваат италијанските медиуми кои дури тврдат дека се знае и човекот кој ќе го замени.
„На Иван Јуриќ веќе му се заканува отказ во Рома иако на тренерската позиција е само 16 дена, а од четири натпревари, загуби само еден. Ако утре не ја победи Монца, враќање на Даниеле де Роси, отпуштениот пред да дојде Јуриќ, не е исклучено. Раководството на клубот, иако задоволно од победата против Удинезе, загрижено е поради лошата игра против Венеција и особено поради поразот од Елфсборг“, пишува Кориере дело спорт.
Весникот додава дека Рома е во хаос на сите нивоа и се уште не може да најде излез од него.